Бранимир Јовановиќ има предлог до Власта: Да се замрзнат цените и да се покачат платите за контрола на инфлацијата

Македонската економија може да влезе во стагфлација, предупреди Светска банка во есенскиот извештај.

Со оглед на ризикот од стагфлација (забавен или низок раст, проследен со високи стапки на инфлација), земјата ќе мора да почне со реализација на реформите кои можат повторно да го зајакнат растот на среден рок.

– Точно е дека Светска банка во најновиот извештај спомнува ризик од стагфлација за Македонија, но всушност нивните прогнози се прилично оптимистични – вели за Дојче веле Бранимир Јовановиќ од Виенскиот институт за меѓународни економски студии за Дојче веле.

За оваа година Светската банка прогнозира раст од 2.1%, а за наредната од 2.7%.

– Многу поважно од тоа дали ќе има стагфлација или не е што треба државата да направи за да ги ублажи негативните ефекти. 

Првото што треба да го направи е да преземат мерки за контрола на инфлацијата, конкретно, преку замрзнување на цените на основните прехранбени производи и енергенсите.

Земјите во соседството кои го направија тоа – Албанија и Србија – имаат најниска инфлација во регионот – вели Јовановиќ.

Второто што е потребно, вели тој, е да се поттикне е растот на платите, зашто без тоа, ќе се намалува куповната моќ на луѓето, па тие помалку ќе трошат, што дополнително ќе ја забави и економската активност.

– Како трето, потребно е да се зголемат социјалните трансфери, особено за најранливите и најсиромашните, затоа што тие се оние кои се погодени најмногу од оваа криза – посочува за ДВ Бранимир Јовановиќ.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде