Полициско возило учествуваше во сообраќајка – ова се деталите!

Едно лице е повреденo при сообраќајка во која учествувало и возило на МВР. 

На 05.10.2022 во СВР Скопје било пријавено дека во 06.40 часот на улица „11 Октомври“, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „фолксваген венто“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Г.Р.(57) од с.Усје, скопско и патничко возило „шкода октавија“, сопственост на МВР.

Во незгодата со телесни повреди се здобила Ј.Р.(44) од Скопје, сопатничка во возилото „фолксваген венто“, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“. Увид бил извршен, соопшти полицијата. 

Слична содржина

Се судрија четири возила, едно од нив било полициско

На 01.09.2022 околу 14.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Трета Македонска бригада“ во Скопје се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „шкода јети“, сопственост на МВР,

патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ј.С.(55) од Скопје, патничко возило „фолксваген поло“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ј.Ц.(21) од Скопје и патничко возило „хјундаи“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.А.(38) од Скопје.

Во незгодата, М.А.и Ј.Ц. се здобиле со повреди констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.  

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде