





На бугарскoто МНР му пречи името на скопската гимназија „Јосип Броз Тито“ и велат дека тоа е поголем проблем од „Цар Борис Трети“.




Министерот за надворешни работи на Бугарија, Никола Милков вели дека „ако името Цар Борис Трети е проблем, името на гимназијата во Скопје што го носи името на Јосип Броз Тито е многу поголем“.




Toj рекол дека Бугарија е Европската Унија. Додава дека додека преговара со ЕУ, Македонија преговара со Бугарија.




На ова преку Фејсбук пост реагираше актерот Сашо Тасевски.
„Видете Бугари,




Школи и улици со име на Тито нема само кај нас, туку и во држави членки на ЕУ.




Има и по светов. Во Азија, Африка, Кина. На цар Борис нема, освен кај вас.
Знаете зошто?




Зашто Тито беше светски бренд на антифашистичката борба, вашиот Борис беше домаќинка на Хитлер.




Тито е прогласен за еден од највлијателните личности на 20 век, додека вашиот Борис е негативна нула на историјата.




Тито беше Хрват кој имаше сон за моќна држава на Словените, во чиј состав рамноправни беа Македонците со нивниот јазик и историја.




Дали ви е сега јасно зошто и понатаму ќе имаме школо со името Тито?“, напиша Тасевски на Фејсбук.