Саши Тасевски: Видете Бугари, Тито беше светски бренд на антифашиcтичката борба, вашиот Борис беше домаќинка на Хитлер.

На бугарскoто МНР му пречи името на скопската гимназија „Јосип Броз Тито“ и велат дека тоа е поголем проблем од „Цар Борис Трети“. 

Министерот за надворешни работи на Бугарија, Никола Милков  вели дека „ако името Цар Борис Трети е проблем, името на гимназијата во Скопје што го носи името на Јосип Броз Тито е многу поголем“.

Toj рекол дека Бугарија е Европската Унија. Додава дека додека преговара со ЕУ, Македонија преговара со Бугарија. 

На ова преку Фејсбук пост реагираше актерот Сашо Тасевски.

„Видете Бугари,

Школи и улици со име на Тито нема само кај нас, туку и во држави членки на ЕУ.

Има и по светов. Во Азија, Африка, Кина. На цар Борис нема, освен кај вас.

Знаете зошто?

Зашто Тито беше светски бренд на антифашистичката борба, вашиот Борис беше домаќинка на Хитлер.

Тито е прогласен за еден од највлијателните личности на 20 век, додека вашиот Борис е негативна нула на историјата.

Тито беше Хрват кој имаше сон за моќна држава на Словените, во чиј состав рамноправни беа Македонците со нивниот јазик и историја.

Дали ви е сега јасно зошто и понатаму ќе имаме школо со името Тито?“, напиша Тасевски на Фејсбук.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде