Митко Јанчев јавно ги предупреди оние кои ќе варат ракија

Митко Јанчев е македонски стопанственик и политичар од редовите на ВМРО ДПМНЕ, кој е тековен градоначалник на Општина Кавадарци. Митко Јанчев е дипломиран инженер-геолог на Универзитетот „Гоце Делчев” во Штип, а магистерските студии на истиот ги завршил во отсекот на техничките науки, петрологија, минералогија и геохемија.

Тој е сопственик и управител на ДПТУ Кожувчанка од Кавадарци, првата приватно стопанско друштво за производство на вода во Македонија.

Функцијата управител ја презел на 23 годишна возраст, по ненадејната смрт на неговиот татко кој бил основач на стопанското друштво. Јанчев во своето 13 годишно раководење со компанијата вовел нови стандарди во раководењето, а компанијата го привлекла светски познатиот бренд Синалко од Германија.

Победил на локалните избори во 2017 година, во вториот круг со освоени 52,65% од вкупните гласови и станал градоначалник на Општина Кавадарци. Бил потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ, но бил разрешен од сите партиски функции на 22 октомври 2018.

На Локалните избори кои биле одржани на 17 октомври 2021 година, Јанчев како кандидат за градоначалник на Општина Кавадарци од редовите на ВМРО ДПМНЕ победил во првиот круг на гласање со освоени 72,35% од гласовите.

Обраќањето на Јанчев ви го пренесуваме во целост:

ИЗВЕСТУВАЊЕ СО УКАЖУВАЊЕ

Со оглед на тоа дека започна сезоната на печење ракија, се апелира и укажува на граѓаните за загревање на казаните да користат исклучиво дрва или пак плин, доколку се во можност.

Исто така се апелира до граѓаните оџаците од казаните да бидат соодветно изведени, односно со висина над нивниот објект зависно од местоположбата во околината.

Службите од Одделението за инспекциски надзор и Мој Општинар ќе вршат засилени контроли и доколку се затекнат лица што согоруваат недозволиви горива, односно отпадни иверици, гуми, пластика,

отпадни масла или сл. за истите ќе се превземат соодветни прекршочни санкции согласно законот за управување со отпад и законот за квалитет на амбиентниот воздух.

Со почит

Градоначалник

д-р. Митко Јанчев

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде