Нова сообраќајка: Тешко повpеден малолетник!

На 07.10.2022 во 14:20 часот било пријавено дека на локалниот пат с.Ржаничино -с.Таор  се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „мерцедес“, управувано од М.А.(44) од с.Студеничани, скопско и патничко  возило „фолксваген голф“, управувано од З.Ф.(24) од с.Визбегово, скопско, двете со скопски регистарски ознаки.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетен сопатник од возилото „фолксваген голф“, а двајцата возачи се здобиле со телесни повреди, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ и Градската општа болница „Св. Наум Охридски“.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Слична содржина

Полициско возило учествуваше во сообраќајка – ова се деталите!

Едно лице е повреденo при сообраќајка во која учествувало и возило на МВР. 

На 05.10.2022 во СВР Скопје било пријавено дека во 06.40 часот на улица „11 Октомври“, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „фолксваген венто“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Г.Р.(57) од с.Усје, скопско и патничко возило „шкода октавија“, сопственост на МВР.

Во незгодата со телесни повреди се здобила Ј.Р.(44) од Скопје, сопатничка во возилото „фолксваген венто“, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“. Увид бил извршен, соопшти полицијата. 

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде