





Една од најпопуларните пејачки во моментов, Теа Таировиќ, наводно е уапсена во Германија.




Пејачката Теа Таировиќ наводно била уапсена на аеродромот во Германија. Пејачката наводно била уапсена од финансискиот инспекторат на аеродром и се уште е во притвор.




Таировиќ е приведена во раните утрински часови, а се известува дека локалните власти би можеле да и забранат влез во земјата до понатамошно известување, пишува Телеграф.рс.




Пејачката викендов имаше мини турнеја во Германија.




Популарната пејачка Теа Таировиќ на секој настап прави бум, па затоа е меѓу најангажираните на естрадата.




Социјалните мрежи се преплавени со видеа од атрактивната пејачка која на настапи заработува бакшиш од неколку илјади евра.



