Детална временска прогноза: Од утре ГОЛЕМА ПРОМЕНА НА ВРЕМЕТО

Времето утре ќе биде облачно и свежо со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 15, а максималната ќе достигне од 13 до 19 степени.

Во Скопје облачно и свежо со повремени врнежи од дожд. Минималната температура ќе се спушти до 13, а максималната ќе достигне до 16 степени.

До петок ќе се задржи променливо облачно време, наместа со повремени врнежи од дожд со слаб до умерен интензитет.

Во четврток и петок локално ќе има услови врнежите да бидат поројни и проследени со ретки грмежи, велат од УХМР.

Во продолжение и временската прогноза на Славчо Поповски:

Од претстојната ноќ, па во следните неколку денови времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд.

Локално ќе има услови и за нестабилност, проследена со појава на грмежи. Температурите ќе бележат тенденција на опаѓање и максималните дневни ќе се искачуваат во интервалот од 15 до 23 степени.

Во Скопје и околината во следниот период ќе растат условите за повремен локален дожд. Температурите ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 17 и 22 степени, вели метеопрогнозерот Попоски.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде