По реакциите од граѓаните дека нема на што да се греат во претстојната грејна сезона, Владата неодамна донесе одлука до крајот на годинава да се ограничи извозот на огревно дрво и пелети и најави зголемени инспекциски контроли во продажните места за пелети во кои ќе се проверува дали компаниите намерно ги кријат за да ги продаваат поскапо во зимскиот период.
На 63-тата седница на Владата, одржана 20 јули годинава, на Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) му беше наложено да се направат вонредни инспекциски надзори на трговци со пелети, со цел да се утврди продажната цена, капацитетите и достапните количини на пазарот.
Највисоката трговска маржа за огревно дрво од даб и од бука и пелети за огрев за сите трговци се утврдува во висина најмногу до 10%, одлучи пред неколку месеци Владата.
„Висината на трговска маржа најмногу до 10% за огревното дрво и пелети ќе важи за сите трговски друштва и трговци поединци кои учествуваат во трговскиот ланец во трговијата на мало, а транспортот за испорака на стоките до крајните потрошувачи не се пресметува во висината на трговската маржа.
Причината за ограничување на трговската маржа се заснова на усогласување на разликите во цените кои сега се присутни во трговијата на мало, односно при продажба на огревно на дрво и пелети за огрев“, соопшти Владата.
Одлуката е донесена на предлог на Министерството за економија.
Владата на 20 јули донесе и одлука за забрана на извоз на пелети, дрва, како и пченица и брашно.
Цените на пелетите и дрвата за огрев дупло пораснаа за разлика од овој период лани. Освен што цените се скокнати, голем број од трговците ги кријат и прават залихи, велејќи дека нема за продажба или можат да се купат само ограничени количини.
Цените за една вреќа од 15 килограми за А класа е 350-360 денари, а лани летото цената беше 180 -190 денари. За време на грејната сезона цените растат, па така лани зимата пелети се продаваа по 250 денари за вреќа.
Додека граѓаните плаќаат и по 500 денари од вреќа за пелети оваа зима, иако тие до пред две години се движеа меѓу 150 и 180 денари, во овој познат скопски продажен салон цените на пелети се продаваат и по цена од 282 денари за вреќа.
Повеќе детали за нивната понуда на линкот подолу или со клик тука