Владата одлучува: Ќе имаме ли оваа година зимско сметање на времето?

Владата вчера објави дека е можно задржување на летното сметање на времето кое требаше да заврши до 30 октомври, како мерка за дополнителна заштеда на електрична енергија во земјава.

Откако се одржа вчерашната владина седница, Владата го задолжи Министерството за економија да ги разгледа можностите за евентуалното продолжување на летното сметање на времето.

Министерот за економија, Крешник Бектеши истакна дека анализите ќе бидат готови до крајот на неделата.

Потоа, до крајот на месецот ќе се донесе и конечната одлука. 

Претседателот на Владата, Димитар Ковачевски истакна дека не може да соопшти каква одлука ќе се донесе се додека не завршат анализите. Тој додаде дека постои добра атмосфера за оставање на летното сметање. 

Опозицискиот лидер пак, Христијан Мицкоски, не смета оти многу ќе се заштеди со таквата мерка. 

„Не мислам дека ќе смени повеќе од два до три проценти од вкупната слика.

Тоа не е доволно, доволно е ова што го зборувам“, рече Мицкоски посочувајќи го пакетот мерки кои ВМРО-ДПМНЕ ги предложи до Владата, за стопанството, компаниите и граѓаните.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде