





Почина универзитетската професорка и експерт по меѓународно право, професор д-р Татјана Петрушевска.




Таа имаше 55 години и беше редовна професорка на Правниот факултет во Скопје.




Петрушевска предаваше меѓународно јавно право, право на меѓународните организации, право на меѓународните трибунали,




дипломатско и конзуларно право, мултилатерална дипломатија, мултилатерална дипломатија и Организацијата на обединетите нации, право на Европската унија,




заедничка надворешна и безбедносна политика на Европската унија и надворешна политика на Европската унија и на Соединетите американски држави.




Има објавено повеќе од 250 научни и стручни трудови во домашни и странски стручни списанија на теми од областа на меѓународното јавно право и правото на Европската унија.




