





Телото на македонскиот нуркач кој синоќа е извлечен починат од водите на јадранскотот море сеуште е на обдукција во инситутут за судска медицна во Сплит, Хрватска.




Несреќата се случила вчера претпладне откако на македонскиот нуркач му се слошило и останал без свест. Бил извлечен на копно и имало обид за реанимација.




Лекарите од Итната помош на островот се обиделе да му помогнат, но македонецот веќе бил починат, по што неговото тело е предадено на обдукција во Сплит каде треба да се утврди причината за cмртта.




Несреќата се случила во близина на малото островче Равник каде што и пред десетина години имало слична несреќа со загинат нуркач.




Игор Петрушевски од Скопје е нуркачот кој почина во Хрватска откако му се




слошило додека нуркал во близина на островот Вис, објави нуркачкиот клуб Амфора од Охрид.




Игор е скопјанец на 40- годишна возраст, а со ова хоби се занимавал повеќе од 20 години.



