Сериозно предупредување: Често сме се среќавале со Путин, за него нема граница – ќе ја помине секоја црвена линија!

Рускиот претседател Владимир Путин е некој кој е подготвен да ја премине секоја црвена линија, смета поранешниот австриски канцелар Себастијан Курц.

Во интервју за виенскиот дневен весник „Кронен цајтунг“, по повод објавувањето на неговата биографија, Курц изјави дека е загрижен за ситуацијата во Европа.

„Често сум се среќавал со Путин и во меѓувреме верувам дека тој е некој кој е подготвен да ја премине секоја црвена линија и дека поразот не му е опција“, рече Курц.

Предупреди дека не може да се исклучи дека Путин е подготвен да ја премине последната црвена линија и да употреби нуклеарно оpyжје.

„Се надевам дека сите во Европа кои имаат одговорност се обидуваат да дојде до деескалација на ситуацијата“, изјави Курц.

Целта, вели тој, мора да биде да се спречи целосна ескалација.

Познатиот руски економист, Сергеј Гуриев, кој е поранешен главен економист на Источноевропската банка за развој ЕБВР, вели дека претседателот на Русија, Владимир Путин, ја ставил економијата во „невидено лоша ситуација“.

И покрај високите цени на нафтата, земјата е во рецесија – вели тој за германски „Ханделсблат“.

Според Гуриев, војната и западните санкции ја втурнале Русија во длабока криза.

Актуелниот ректор на елитниот универзитет Сајнс По во Париз, вели дека наместо економски раст од три проценти, што се очекувал на почетокот на годината, бруто домашниот производ (БДП) најверојатно ќе падне за шест проценти. Гуриев предвидува и „огромен пад на руската економија“.

Во март, веднаш по воведувањето на санкциите по руската инвазија на Украина, во Русија владееше „тотална паника“. Сепак, Централната банка на Москва беше во можност да преземе решителни чекори за да се спротивстави на ситуацијата.

Во тоа време, руската економија можеше малку да закрепне главно поради фактот што само САД, но не и ЕУ, воведоа строги санкции против купувањето на руски енергенси. 

Но, со европското ембарго за нафта и забраната за купување руски нафтени деривати, главниот извор на приход на Русија ќе биде сериозно ограничен во иднина – вели Гуриев.

Тој додава дека руската индустрија е исто така тешко погодена од ембаргото за увоз, особено на високотехнолошки производи.

Овој увоз е преполовен, а сега има недостиг од градежни материјали и резервни делови, технологија и капитал во сите области на многу сектори. Западот мора да биде многу внимателен да не ги заобиколи санкциите: Доколку санкционираните стоки стигнат до Русија преку Турција или Кина, земјите извознички мора да подлежат на строги казнени мерки – објаснува економист.

Според Гуриев, санкциите влијаат и на опремата на руската армија.

Бидејќи руската индустрија повеќе не може да ги набавува потребните високотехнолошки компоненти, Русија повеќе не може да произведува напредно оружје. Наместо тоа, Путин мора да ги „отпакува старите, конзервирани тенкови од советската ера – вели економистот.

Бидејќи руската индустрија повеќе не може да ги набавува потребните високотехнолошки компоненти, Русија повеќе не може да произведува напредно оружје. Наместо тоа, Путин мора да ги „отпакува старите, конзервирани тенкови од советската ера – вели економистот.

Значително настрада и рускиот буџет. Само во јули недостасуваа 900 милијарди рубљи (15,2 милијарди евра) или осум отсто од БДП – заклучува Гуриев.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде