И дадоа безбедносен сертификат, па експресно го врати. На Ејупи не и тргна

Откако беше обелоденето во јавноста дека го добила безбедносниот сертификат – државна тајна, поранешната ТВ водителка Бесмира Ејупи експресно го вратила, како што и експресна го добила, но притоа има последици за други лица.

Таа сега е вработената во МНР, на чие чело е Бујар Османи, па го вратила сертификатот во Дирекцијата за безбедност на класифицирани информацији.

Со тоа, откако беше објавено во медиумите, Ејупи индиректно признава дека во добивањето на сертификатот државна тајна има незаконитост во која, како што објавија повеќе медиуми, се вмешани високи функционери на АНБ, ДБКИ, МНР и индиректно во државното правобранителство.

Доделувањето на сертификатот е проблематичен, а во вечерашната емисија КОД на ТВ Телма, е објавено истражување како четири политички кариери од двете страни на власта, заедно работеле во конкретниот случај за вработување на несудената конзулка во Њујорк.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде