Малолетници од Скопје уапсени во Битола – ова се деталите!

Полициски службеници од СВР Скопје – Полициско одделение Шуто Оризари вчера лишила од слобода двајца малолетници од Скопје за кои се сомнева дека во колонијална продавница во Битола физички ја нападнале вработената и одзеле пари.

– По преземени мерки и извршени оперативни проверки, полициски службеници од Отсекот за општ криминал од криминалистичката полиција при СВР Битола во содејство со полициски службенкци од Полициско одделение

Шуто Оризари констатирале дека двајцата малолетници на 12.10.2022 во колонијална продавница на улица „Широк Сокак” во Битола физички ја нападнале вработената и одзеле пари, информираат денеска од МВР.

Во службен разговор во полициска станица, извршен во присуство на старатели, тие го признале делото. По целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Слична содржина

Пpeгaзeн пeшak вo тeшka cooбpaќajнa нecpeќa

Вчepa вo 11.40 чacoт вo пoлициckaтa cтaницa Koчaни билo пpиjaвeнo дeka нa влeзoт вo c.Тepaнци, koчaнcko, пaтничko вoзилo „фиaт пyнтo“, co koчaнckи peгиcтapckи oзнakи, yпpaвyвaнo oд В.X.(46) oд c.Тepaнци, yдpилo вo пeшakoт Д.P.(60) oд c.Тepaнци.

Вo нecpeќaтa co тeшkи тeлecни пoвpeди ce здoбилa Д.P., koнcтaтиpaни вo Oпштaтa бoлницa вo Koчaни.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде