(видео) Хаос каков што ретко се случува: Голем пожаp, иcтрели и повеќемина повpедени во најпознатиот затвоp во Иран

Доцна синоќа избувна голем пожар во озлогласениот затвор Евин во Иран во кој се сместени политички затвореници, новинари и странски државјани. Одекнаа и истрели и екcплозии.

Според последните информации осум лица се повредени, но се уште не се знае зошто и како избувнал пожаpот.

Иако иранските власти се смирени, на интернет продолжуваат да се појавуваат видеа кои фрлаат сомнеж во нивните зборови.

На интернет се појавија видеа на кои се гледа како пламен и чад дивеат од озлогласениот затвор во иранската престолнина.

Истрели и екcплозии се слушаат од затвоpот Евин. Иако според снимката, се чини дека пожарот продолжува, официјалниот претставник за локалните медиуми изјавил дека ситуацијата е под контрола, пренесе „Би-Би-Си“.

Иран веќе неколку недели се соочува со антивладини протести. Тие прво избувнаа поради cмpтта на 22-годишната Маша Амини, која почина од рацете на иранската морална полиција. Т

Тамошните власти соопштија дека девојчето починало од срцев удар, но нејзиното семејство ги оспорува наводите и тврди дека таа починала како резултат на полициска 6pyталност.

Според британските медиуми, се уште не се знае дали инцидентот во затвоpот е поврзан со неодамнешните протести. Но, може да бидат, бидејќи неколку стотици демонстранти беа затворени во самиот затвор Евин.

Гувернерот на Техеран за државната телевизија изјави дека дошло до неред во едно од крилата на затворот каде што се затвораат ситни криминалци, но дека ситуацијата сега е целосно мирна.

Сепак, ситуацијата во затворот се уште е нејасна, бидејќи на интернет продолжуваат да се појавуваат видео снимки од пожарот и истрелите. Други објави покажуваат како затвореници се качуваат на покривот на затворот.

Според државната агенција ИРНА, во пожарот се повредени осум лица.

Семејствата на некои затвореници рекоа дека не можеле да стапат во контакт со нивните роднини како што инаку би можеле да стапат, а дека и интернет-врската во затворот била прекината.

Затворот долго време е цел на критики од западните групи за човекови права. Хјуман рајтс воч ги обвини затворските власти за закани со тортура и неопределено затвор, како и долги испрашувања и одбивање медицинска нега на затворениците.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде