Вонредна вест: ЈСП од утре нема да врши јавен превоз!?

Дали граѓаните во Скопје утре ќе останат без јавен превоз?

Поради не исплатена плата за септември, возачите се заканија дека автобусите на ЈСП нема да излезат на улиците во главниот град доколку денеска не го добијат заостанатиот личен доход.

Оваа порака до раководството на претпријатието, градоначалничката Данела Арсовска и до Владата ја испратија претставници на трите репрезентативни синдикати.

– Автобусите на ЈСП утре нема да излезат на улиците на Скопје доколку денеска до 14 часот на возачите, сервисерите и одржувачите не им биде исплатена септемвриската плата, Миќо Стојановски, претседател на Синдикална организација на ССМ при ЈСП Скопје.

– На 7 октомври ја известивме градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, дека доколку на 15 октомври не им биде исплатена платата ќе следува прекин на работата,

но никаков одговор не добивме, изјави Африм Муча, претседател на Независен возачки синдикат при ЈСП Скопје.

Од ЈСП Скопје пак преку соопштение уверуваат дека наредните денови вработените ќе ја добијат заслужената плата и нема да дозволат граѓаните да останат без јавен превоз.

– Веруваме дека централната власт и дел од општините ќе ги исплатат заостанатите обврски кои ги имаат за испорачаната услуга од страна на ЈСП за организиран превоз за одредени категории патници, средства со кои се исплаќа платата за вработените во ЈСП.

Очекуваме дека час поскоро ќе ги подмират минатогодишните долгови и тековните обврски како не би се довела во прашање редовната работа на претпријатието, соопштија од ЈСП.

По ова, од синдикатите најавија дека попладне на состанок ќе одлучат дали да остават простор од неколку дена за исплата на платите или утре возачите нема да ги управуваат автобусите?

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде