Никогаш нема да погодите зошто служи малото дупче на катанците – ова е одговорот

10 работи чија намена не сте ја знаеле…

Дали знаете за што се користи малото отворче на катанците или запците на метрото за мерење?

Во продолжение прочитајте која им е намената на ваквите работи:

Јамката на задниот дел од чевлите

Јамката со отвор која се наоѓа на задниот дел од некои чевли има две намени. Може да послужи како дополнителен отвор за врзување на врвки нагоре кон ногата и исто така за закачување на чевлите.

Тркалезниот дел во внатрешноста на капачињата од шишињата

Ваквите тркалезни делови во облик на дискови се наоѓаат под капачињата на газираните пијалаци. Без нив, течностите што се во шишето ќе испарат.

Малиот отвор на катанците

Ова отворче спречува да навлезе вода во катанецот за да не се оштети, а во зима го штити катанецот да не замрзне. Исто така, низ него може да поминат неколку капки моторно масло ако катанецот се заглави.

Отворот на рачката од правосмукалката

Овој отвор е направен за да ја намали моќта на собирање на правосмукалката за кога ги чистиме завесите, на пример. Исто така, ова вратиче ја штити правосмукалката од прегревање, а помага и ако нешто е заглавено во цевката.

Механизмот на рамките од прозорците

Со притискање на овој механизам кој го има на некои прозорци, режимот се пренаменува од „летен“ во „зимски“ и обратно. Тоа е направено со цел прозорците да се прилагодат на временските услови за да фунционираат правилно и подолго да траат.

Отворот и запците на метрото за мерење

Сигурно сте ги виделе, но не сте обрнале внимание за што служат овие делови на метрото за мерење. Во отворот лесно можете да закачите шајка за да стои на местото од каде што сакате нешто да измерите, а запците оставаат трага за да не мора да обележувате со молив.

Цртичките на буквите F и J на тастатурата

Цртичките кои ги има на буквите F и J на тастатурата од компјутерот служат да ги насочат слепите луѓе кои ја користат за да знаат на кој дел од тастатурата се со прстите и за да можат да ги погодат буквите.

Отворот на стапчето од лижавчињата

Ова мистериозно отворче служи за да го држи поцврсто лижавчето и да не се растопи по стапчето, бидејќи карамелата на топло почнува полека да се топи.

Релјефната површина на едната страна од памукчињата за отстранување шминка

Сигурно сте забележале дека памукчињата за отстранување шминка имаат различен изглед од двете страни. Едната страна е мазна, а другата е релјефна.

Со релјефната површина се нанесува шминката на лицето, а со мазната површина се чисти.

Мрежата со сунѓерче на микрофоните

Обвивките на микрофоните во облик на мрежа со сунѓерче не служат само за декорација. Тие служат за да го задржат протокот на воздух и да не се слушаат звуци на крчење кога се користат микрофоните.

Во професионалните музички студија, овие обвивки го ублажуваат звукот на преградните (експлозивни) согласки кои произведуваат многу впечатлив звук кога некој пее.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде