





На 95-годишна возраст почина Џафер Кадрија од тетовско Камењане во Општина Боговиње, еден од учесниците во Народноослободителната и антифашистичка војна во Македонија,




информираше Општинската организација на Сојузот на борци од Тетово.




„Почитувани граѓани, членови на боречката организација и нејзини продолжувачи, другари и другарки




Сојузот на борци од Тетово со голема тага и жал ја прими веста дека на 95 годишна возраст почина Џафер Кадрија од с. Камењане, еден од учесниците во Народноослободителната и антифашистичка војна во Македонија.




Кадрија како учесник во НОВ, учествуваше во борбите за конечно ослободување на Југославија во Далматинската бригада која стигна до границите на Италија и ослободувањето на градот Трст.




За своето учество во НОБ, оваа година од Претседателот на државата Стево Пендаровски беше одликуван со медал за храброст.




Нека му е вечна слава и фала“, напишаа од таму.



