Јонуз: Кога една држава е во кpиза народот „дига се на клоци“, овде сите се бунат, а никој во суштина нема „газ“ да направи нешто

За да и се деси на една држава народ, треба да има народ. Ние немаме народ. Ние имаме едно големо стадо кое по сите основи е поделено меѓу пастири кои одлучуваат која трева ке се пасе, на кој поток ќе се пие вода и која овца колку ке блее.

Македонија е по многу нешта специфична земја. Една од специфичностите е податокот кој вели дека што и да се случи, ниту половина од народот нема да

се обедини во некаква ситуација, а камо ли повеќе од пола, пишува Агим Јонуз во колумна за коха.мк.

Македонија нема здрава нација. Нема изградено никаква, ако се водиме од поентата дека внатре сите ‘‘се македонци, граѓани на Р.С.М.‘‘!

За да имаш народ на кој можеш како држава да се потпреш, треба да имаш народ кој носи емоција кон државата.

Без разлика како државата се вика и за која држава збориме, ако ти не ја чувствуваш државата како свој дом, како мајка, како дел од себе, се останато е осудено или на пропаст, или на забот на времето да ја изеде државата како најобична краставица.

Е, тука имаме многу елементи за кои треба да правиме муабет. Кој ја сака Македонија. Никој!

Па чак ни македонците, зошто ако ја сакаа онака реално и од срце, чесно, без калкулации и лични интереси, до сега македонската политичка сцена ке имаше сосема поинаква слика.

Обединет македонски патриотски корпус, па каков и да е! Слика во која немаше да разговараме за Македонци кои се делат на предавници и патриоти, на леви-десни ниту на ‘‘комуњари и ВМРО-вци‘‘,

туку ке имавме една маса која навистина името ‘‘Македонија‘‘ која е спомнувано и во библијата, ке го носеа како реликвија не само во срцето, туку и во односот кон државата како дом. Зошто го зборувам сево ова.

Многу просто. Кога една држава е во криза, кога е незадоволна од политиката и односите на релација држава-народ, кога гледа дека се пропаѓа, народот се буни.

Прави бунтови, револуции, менува влади, ‘‘дига се на клоци‘‘ ! Во Македонија имаме страшно специфична ситуација по тоа прашање.

Овде сите се бунат, а никој во суштина нема ниту намера, ниту сила, а богами ниту ‘‘газ‘‘ да направи нешто по радикално од најобична псофка у кафана, ‘‘ дати ебам државата‘‘! И се завршува на таа најобична псофка, пишува Јонуз.

Целата колумна на Јонуз може да ја прочитате тука.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде