УХМР со вонредна временска прогноза: Бидете подготвени, следуваат врнежи од снег!

УХМР со вонредна временска прогноза: Бидете подготвени, следуваат врнежи од снег!

ЦЕЛИОТ ТЕКСТ ПРОЧИТАЈТЕ ГО ПОСЛЕ РЕКЛАМАТА.

Под влијание на влажен и студен бран кон крајот на денов и во текот на ноќта во западните и северните делови ќе има локални врнежи од дожд, а на планините од снег.

Поради заладувањето се очекува врнежите од дожд да преминат во снег и во некои од пониските места, соопшти УХМР.

Утре во текот на денот врнежите ќе престанат, а нови врнежи од дожд, а на планините од снег ќе има кон крајот на денот и во текот на ноќта кон четврток.

Во западните делови врнежите ќе бидат пообилни.

Во Скопската котлина во текот на ноќта ќе има повремен слаб дожд, а во повисоките делови од котлината врнежите ќе преминат во слаб снег.

Нови врнежи од дожд ќе има утре кон крајот на денот и во текот на ноќта кон четврток.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде