





УТРОВО ДРАМА ВО ЦЕНТАРОТ НА СКОПЈЕ: МАЖ СКОКНА ВО ВАРДАР, ПОЛИЦИЈАТА ГО СПАСИ




ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕТЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ПОСЛЕ РЕКЛАМАТА.




Од скалите под Камени мост машко лице утрово скокнало во реката Вардар, а по преземените мерки е извадено живо, информираат од Министерството за внатрешни работи.




– Утрово околу 8:30 часот е пријавено дека од скалите под Камен мост машко лице скокнало во реката Вардар.




Веднаш по добиената пријава се преземени мерки од полициски службеници од ЕВР Центар и Бит Пазар и Бригада за противпожарна заштита Скопје, и лицето е извадено живо, велат од МВР.




Со итна медицинска помош лицето е пренесено во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“.




Извор и фото: Сител телевизија



