Трагедија го потресе регионот: Му ја отсекол главата на својот брат, напаѓачот имал психички проблеми

Трагедија го потресе регионот: Му ја отсекол главата на својот брат, напаѓачот имал психички проблеми

Во селото Горна Трепча кај Чачак се случило тешко убиство. Според српските медиуми, маж му ја отсекол главата на сопствениот брат.

„Еден човек му ја отсече главата на својот брат. Во семејството живееа само двајцата браќа, а се имаат иселено од Косово уште за време на бомбардирањето на НАТО во 1999 година.

Постојано се караа, а убиениот имаше околу шеесет години“, вели извор за Нова.рс.

Изворот за медиумот, додава дека долго време напаѓачот се лечел на нервниот оддел на една белградска клиника.

„Долго време се лечеше на нервниот оддел на една белградска клиника.

Последниве неколку месеци го гледавме како се шета, бараше цигари и пари. А другиот, за жал убиениот, пиеше многу“, додава изворор.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде