ВИДЕО: Авион со 167 патници се судри со птица и се запали
Авионот на компанијата „Флајдубаи“ денеска се запалил по полетувањето од аеродромот во Катманду во Непал, објави агенцијата АНИ повикувајќи се на неименувани извори.
Според „Ал-Арабија“, при полетувањето авионот се судрил со птица, по што се запалил еден од моторите.
Портпаролот на Управата за цивилна авијација на Непал, Јаганат Нирула, во изјава за Ројтерс рече дека моторот на „Боингот 737-800“ на „Флајдубаи“ со 167 патници набрзо по полетувањето од Катманду и дека пожарот е ставен под контрола.
#FlyDubai plane flight no. FZ576 caught fire in engine and circled around the sky of Kathmandu just minutes after takeoff. They’re trying to safe-land and as per aviation authority flight has been redirected towards Dhading. Hoping and praying for all passenger and crew’s safety. pic.twitter.com/0NoePsHarm
— Nirwan Luitel (@nirwanluitel) April 24, 2023