(фото+видео) Страотна сообраќајна несреќа: Познатиот кошаркар едвај извлекол жива глава: Објави фотографија од болница

Тешка сообраќајна несреќа се случи во Истанбул, за среќа помина без жртви.

Контејнер од камион падна врз автомобилот на кошаркарот на Анадолу Ефес, Брајант Данстон, а тој мина без посериозни повреди.

Возачот на камионот закочил откако видел дека на надвозникот под кој поминувал пишувало дека е за до висина од 4 метри.

Штом закочил, контејнерот кој го носел на приколката паднал врз автомобилот на кошаркарот Данстон, кој бил веднаш зад него.

– Минувавме под еден надвозник, се зачудив кога видов дека висината е четири метри и морав да закочам. Зад нас беше автомобил, контејнерот кој го носев падна врз него – изјавил возачот на камионот.

Данстон не заработил потешки повреди, веднаш бил однесен во најблиската болница и сега е во добра состојба.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде