Страотна сообраќајна несреќа – мотоциклист со тешки повреди итно пренесен во болница

Вчера во 18.25 часот во СВР Охрид било пријавено дека на крстосница од ул.„Железничка“ со ул.„Абас Емин“ во Охрид се

случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило  „мерцедес“ со охридски регистарски ознаки,

управувано од И.В.(47) од Охрид и мотоцикл „априлија“ со германски национални ознаки, управуван од Д.Д.(39) од Охрид.

Во несреќата мотоциклистот Д.Д. се здобил со тешки телесни повреди констатирани во болницата за ортопедија и трауматологија „Св.Еразмо“ во Охрид.

Увид на местото на несреќата извршила екипа од СВР Охрид.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде