МВР објави детали за тешката сообраќајна несреќа: Две лица итно пренесени во болница

Синоќа во 22.25 часот се случила тешка сообраќајна незгода во Кисела Вода во која двајца малолетници се тешко повредени.

Незгодата се случила на крстосница од ул. „Борис Трајковски“ со ул. „Есенинова“ и ул. „Иван Козаров“ помеѓу мопед со скопски регистарски ознаки,

управуван од малолетник од Скопје и патничко возило „рено меган“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ј.Т.(33) од Скопје.

-Во несреќата, малолетен сопатник на мопедот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“,

додека возачот на мопедот се здобил со телесни повреди констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, соопшти МВР.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде