Најнова вест: Силен земјотрес ја стресе Турција

Земјотрес со јачина од 4,9 степени денеска ја погоди јужната турска провинција Адана, јавува Анадолија.

Турската агенција за управување со вонредни состојби (АФАД) соопшти дека епицентарот на земјотресот бил регистриран во областа Сајбејли, на длабочина од 6,67 километри.

Потресот е почувствуван во поширок регион на југот на Турција, што во февруари беше погоден од серија разорни земјотреси.

Гувернерот на Адана, Сулејман Елбан, за Анадолија изјави дека засега нема информации за последиците од земјотресот и дека надлежните екипи се на терен.  (МИА)

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде