Малолетник нападна жена, со тешки повреди итно пренесена во болница

Вчеравечер околу 22 часот и 30 минути, на улица „Браќа Миладинови“ во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово уапсиле малолетник од Тетово.

„Тој претходно бил пријавен од 34-годишна тетовка дека околу 17 часот во влезот од станбената зграда во која живеела, се нафрлил на неа, поради што таа паднала и се здобила со тешки телесни повреди.

Малолетникот е предаден на претставник од Центарот за социјални работи, по што бил префрлен во соодветна установа во Скопје.

Се расчистува и документира случајот“, соопшти портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде