Тешка сообраќајна несреќа, едно лице итно пренесено во болница

Во СВР Тетово вчера во 12:50 часот било пријавено дека на регионалниот пат Скопје – Тетово се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „мерцедес“,

управувано од 28-годишниот Н.И. од тетовска Стримница и патничко возило „пежо“, управувано од 47-годишната Љ.Е. од тетовско Вешала,

двете со тетовски регистарски ознаки, по што возилото „пежо“ удрило во паркирано возило „бмв“, сопственост на 53-годишниот тетовец Б.К., соопшти МВР.

Во несреќата, Љ.Е се здобила со тешки телесни повреди констатирани во тетовската Клиничка болница.

На местото на несреќата увид извршила екипа од СВР Тетово.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде