Во Земунската населба Алтина, Белград, денеска околу 15 часот и 30 минути дошло до посериозен инцидент.
Според неофицијални информации, 20-годишно момче е рането при убод со нож, кое е веднаш пренесено во болница, објавија српските медиуми.
Според неофицијални информации, на момчето му пришле две помлади лица и една девојка, а потоа еден од нив извадил нож и го избодело момчето. Мотивот за нападот се уште не се познати.
Полицијата ги идентификувала сторителите, а според неофицијални информации станува збор за малолетни лица.
И вчера имаше пукање во белградската населба Врачар.
Инцидентот се случил околу 19 часот и 40 минути на улицата „Максим Горки“, кога било застрелано 26-годишно момче,
а на улицата „Новопазарска“ во истата населба е пронајдено уште едно момче со прострелни рани, кон кое било пукано исто така на улицата „Максим Горки“.