Велеше „секој што работи е глупав“: Почина најпознатиот невработен, кој живееше на сметка на германската држава

Арно Дибел, човекот кој беше познат како „најпознатиот невработен човек“, почина во Германија на 68-годишна возраст, пренесува магазинот „Феникс“.

Дибел починал во болница во Хамбург пред две недели, јавуваат германските медиуми.

Речиси 50 години живеел без платена работа и на сметка на државната помош. Тој го прослави својот начин на живот, па рече и дека во 1976 година го прекинал образованието и дека Службата за социјална помош му ја плаќа киријата за стан и други пропратни трошоци.

Пред 20 години се прослави со изјавата „секој што работи е глупав“, а често гостуваше и во германски ток-шоуа.

Дибел во 2010 година ја сними песната „Der Klugere kippt nach“ (Попаметните се откажуваат) и една година подоцна песната „I’m nice“ со која сакаше да заработи пари, а целта му беше да стане и ТВ-ѕвезда.

„Билд“ пишува дека неговата песна влегла во „Топ 100“, но со неа не остварил некој значителен приход.

Лани дури изјавил и дека конечно ќе почне да работи.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде