Полицијата уапси маж кој му се заканил на градоначалник дека ќе го убие

Вчера полицијата уапсила 69 годишен маж од селото Арачиново, скопско откако претходно добила пријава од градоначалникот на општината.

Градоначалникот на Арачиново пријавил во полицијата дека додека тој не бил во општинската зграда, осомничениот 69 годишник пред други присутни упатил закани по животот пред други лица присутни на местото на настанот.

Настанот наводно се случл во врска со предмет за доделување на користење на земјиште.

Од Мвр соопштија дека по документирање на случајот ќе биде поднесена кривична пријава за кривично дело „Загрозување на сигурноста”.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде