Сообраќајка кај Штип, три лица пренесени во болница

На 24.05.2023 во 18.50 часот било пријавено дека на локалниот пат Штип – Плачковица, во близина на археолошки локалитет Баргала, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф“,

управувано од С.Д.(24) од с.Аргулица – општина Карбинци и патничко возило „форд фиеста“, управувано од М.С.(52) од Штип, двете со штипски регистарски ознаки, информира МВР.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката од возилото „форд фиеста“, З.М.(27) од Штип,

а двајцата возачи се здобиле со телесни повреди, констатирани во Клиничката болница Штип.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде