Тешка сообраќајна несреќa, две лица итно пренесени во болница

Двајца повредени во сообраќајна несреќа што се слуила вчера на регионалниот пат Гостивар-Кичево, во близина на Сретковски мост.

Според информациите, во сообраќајната несреќа учествувале два автомобили со скопски регистарски ознаки: „хундаи“ управувано од 56-годишниот Ш.С. од тетовско Рогле и „фолксфаген голф“ што го управувал 55-годишниот Љ.С. од Скопје.

Во несреќата, возачот Ш.С. се здобил со тешки, а возачот Љ.С. со телесни повреди констатирани во гостиварската Општа болница „Ферид Мурад“ каде биле пренесени за укажување на лекарска помош.

На местото на несреќата увид извршила екипа од Одделението за внатрешни работи Гостивар.

Фото: Илустрација

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде