Тешка сообраќајна несреќа помеѓу автобус и автомобил, има повредени

На 29.05.2023 во 14.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека во с.Маркова Сушица, скопско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „ауди“,

управувано од Д.Д.(23) од Скопје и автобус „ман“, управуван од Е.Д.(25) од Скопје, двете со скопски регистарски ознаки.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот од возилото М.К.(21) од Скопје, а со телесни повреди се здобил возачот Д.Д., констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје. 

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде