ВМРО-ДПМНЕ во паника, го загуби мнозинството на Советот во голема македонска општина?

Епилогот од денешната 27. седница на Советот на Општина Битола е тоа дека ВМРО-ДПМНЕ го загуби мнозинството во Советот, објави Слободен печат.

Неформалниот коалициски партнер на партијата, независната листа Поинаку, која има тројца советници, гласаше против предлозите на ВМРО-ДПМНЕ.

На седницата, и покрај противењето на советниците на ВМРО-ДПМНЕ, на предлог на опозициската СДСМ се прифати на дневен ред да се стават точките за разрешување на управните и надзорните одбори во битолските јавни претпријатија.

Со мнозинство гласови беше прифатен предлогот на СДСМ на седницата да се расправа за разрешување на управните одбори на јавните претпријатија: „Водовод“, „Комуналец“, „Пазари“, „Паркинзи“, како и на Културно-информативниот центар.

Единственото комунално претпријатие кое не се најде на списокот за разрешување на управниот и надзорниот одбор беше ЈП „Нискоградба“.

За предлогот на СДСМ гласаа тројцата советници на „Поинаку“ кои досега му го обезбедуваа мнозинството на ВМРО-ДПМНЕ во Советот и двајцата советници на Левица.

Ваквиот пресврт во Битолскиот совет ВМРО-ДПМНЕ го протолкува како уште едно прекршување на Деловникот и на Статутот од страна на претседателката на Советот Габриела Илиевска од Поинаку, која е во отворен судир со градоначалникот Тони Коњановски.

Целиот текст можете да го прочитате ТУКА

Извор: Слободен печат

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде