Музиката естрада во шок: Имаше само 47 години, почина познатиот музичар

Пред неколку дена почина поранешниот член на групата „Seven Up“ Дамир Пашиќ Тато.

Оваа тажна вест на „Фејсбук“ ја сподели неговиот колега од бендот Елвир Лило Хаџијамаковиќ.

„Дади, брат наш, поминавме многу заедно, и добрo и лошo, бев сигурен дека и оваа битка ќе ја добиеме, но не. Пејте и играјте и почекај не горе да ја продолжиме играта.

Нека ти биде лесна земјата. Те сака брат ти Лило и другите браќа од неа 7UP: Гоги, Недим и Фудо“, пишува во објавата под заедничката фотографија.

„Комеморацијата и погребот за нашиот Дади е во четврток, 1 јуни 2023 година“, додаде тој.

Дамир во февруари годинава дозна дека боледува од рак на панкреас со метастази, а од него преку социјалните мрежи се простија многу пријатели и колеги.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде