ВИДЕО: Силно невреме проследено со пороен дожд, ветер и град попладнево го зафати Кавадарци

Силно невреме проследено со пороен дожд, ветер и град го зафати Кавадарци и околината денес на пладне, побјави КТВ телевизија.

Обилниот дожд кој паѓаше петнаесетина минути ги исполни улиците со вода.

Според информациите од локалната самоуправа засега нема пријавено посериозни штети, а дали градот кој паѓаше, во големина на зрно леблебија, ќе направи штети врз земјоделските култури, дополнително ќе се утврдува.

Од УХМР најавуваат дека ќе продолжи периодот во кој во претпладневните часови ќе биде претежно сончево со мала до умерена облачност, а во попладневните променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи.

Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на краткотрајно невреме со интензивен дожд, силен ветер, електрични празнења и појава на град.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде