Нова сообраќајка на експресниот пат Штип – Кочани, две лица итно пренесени во болница

Повредени 79 годишен возач и 78 годишна сопатничка откако со возило излетале од коловозот.

– На 01.06.2023 во 14.30 часот било пријавено дека на клучка од експресен пат Кочани –Три чешми и излез од експресен пат кон ТИРЗ Штип,

патничко возило „мерцедес“ со кочански регистарски ознаки, управувано од Ј.В.(79), во кое сопатничка била А.В.(78), двајцата од Скопје, излетало од коловозот.

Во несреќата возачот се здобил со тешка телесна повреда, а А.В. со телесна повреда, констатирани во Клиничката болница Штип, соопшти МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Штип.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде