Страшна сообраќајна несреќа, тројца тинејџери пренесени во болница

Тројца млади се повредени откако со возило излетале од пат во текот на вчерашниот ден.

Според полицијата, На 03.06.2023 во 22.15 часот било пријавено дека на локалниот пат во с.Лешок, патничко возило „форд ка“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од А.И.(18) од с.Теарце, излетало надвор од коловозот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, а со телесни повреди се здобиле двајца сопатници, А.Ј.(19) и малолетник, и двајцата од с.Теарце, констатирани во Клиничката болница Тетово.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Тетово.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде