Ужас: Се преврте трактор, едно лице со тешки повреди итно пренесено во болница

На ден 04.06.2023 во 18 и 30 часот во ОВР Гостивар било пријавено дека на локалниот пат Долно Јеловце – Лешница,

49 годишниот Д.А. од Горна Бањица, гостиварско, управувајќи трактор со приколка без регистарски ознаки, излетал од коловозот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот А.Ќ. на возраст од 74 години, констатирани во Општата болница Гостивар, соопшти полицијата.

Извршен бил увид од увидна екипа на ОВР Гостивар.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде