Најнова вест: Земјотрес стресе делови од Македонија

Земјотресот со интензитет од 2,3 степени според Рихтер ја потресе и Македонија.

Епицентарот на земјотресот бил 4 километри северозападно од Берово.

Длабочината е 2 километри.

Да потсетиме, попладнево силен земјотрес ја стресе Романија, а беше почувствуван и во делови на Србија.

Епицентарот на земјотресот бил во близина на градот Арад на длабочина од 9 километри.

Според некои информации, земјотресот бил почувствуван и во Белград.

– Можам да се заколнам дека земјотресот е почувствуван во Белград – наведува еден корисник на веб-страницата на Европскиот медитерански сеизмолошки центар (EMSC).

– Се чувствуваше многу силно во Клуж-Напока. Јас живеам на третиот кат. Траеше околу 20 секунди – се дел од коментарите на страницата.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде