Утрово силна експлозија во Скопје, според првични информации разнесен е банкомат

Утрово со експлозив бил разнесен банкомат во скопската населба Бутел, пренесува порталот „Локално“.

Инцидентот се случил на кај аптеката „Алпи фарм“ на улица „Христијан Тодоровски-Карпош“.

Полицијата е на терен и во моментов се врши увид на местото на настанот.

Пред повеќе од шест месеци се случи сличен напад кога вооружени лица со пиштол му се заканиле на обезбедувањето на деловен објект во Топанско Поле,

а потоа поставиле експлозив на четири банкомати лоцирани во близина.

Извор: Локално.мк

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде