Штитеник на психијатриската болница во Бардовци е систематски тепан од други пациенти по налог на еден пациент кој го објавува снимките на социјалните мрежи.
Профилот на Фејсбук кој ги објавува одвратните снимки на кои се гледа дека пациентот е крвнички тепан тврди дека директорот Мусхин Арифи, по професија архитект, од с.Кондово не го засега и ништо не превзема за малтретираните пациенти.
Плусинфо побара коментар од ЈЗУ Психијатриската болница во Бардовци, од каде кратко одговориле:
– Не ги следиме ние социјалните мрежи. Немаме Фејсбук. Не знаеме за какви снимки ни зборувате.
Тоа што го знаеме е дека засега нема никаква пријава за тепачка во просториите на болницата – одговорија од ЈЗУ Психијатриската болница во Бардовци за Плусинфо.
Во продолжение погледнете ги видеата, но ве предупредуваме дека содржината е вознемирувачка: