Драма утринава во експозитура на Стопанска банка: Маскирано лице кое било вооружено со пиштол изврши грабеж и побегна

Грабеж утринава во Стопанска Банка во трговскиот центар Беверли во населбата Капиштец во Скопје, пренесува А1он.

Според информациите во банката влегло маскирано лице кое било вооружено со пиштол. Со закана кон вработените, со пиштол вперен кон нив, побарал да му ги дадат сите пари. По што лицето избегало со пленот.

Очевидци за А1он сведочат дека сите вработени од банката излегле надвор, а веднаш стасала и полицијата и екипи на крим техника кои вршат увид.

Информацијата за А1он ја потврди и МВР, но засега не споделуваат повеќе детали.

За А1он кусо изјавија

„Денеска (07.06.2023) околу 09.30ч пријавено е дека во експозитура на банка во трговски центар едно лице со закана со пиштол одзело пари. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.“

Извор: А1он.мк

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде