Драма во Слупчане: Жителите не дозволуваат ЕВН да влезе во селото

Околу 200 жители на кумановското село Слупчане денеска насилно ги спречиле екипите на ЕВН да извршат неопходни работни активности за реконструкција и модернизирање на електричната мрежа во селото, пишува „Плусинфо.мк“.

Толпата го блокирала влезот на селото и не им дозволила на работниците да работат, притоа заканувајќи им се по живот.

Надлежните од ЕВН за ситуацијата го информирале Министерството за внатрешни работи и другите надлежни институции. 

„Сѐ додека корисниците не дозволуваат да се работи, ќе се соочуваат со прекини во снабдувањето и сериозни дефекти како резултат на контуинирани кражби и злоупотреби во мрежата.

Дефектите ќе се отстрануваат само доколку се создадат нормални услови за работа” – изјавиле од ЕВН за порталот.

Според порталот вкупните годишни загуби поради кражби на струја во селото Слупчане изнесуваат повеќе од 1 милион евра, односно околу 6 GW/h.

Процентуално, 80% од годишната потрошена енергија се краде, а успешно се наплаќа само една третина од останатите 20% фактурирана енергија.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде