Најнова вест: Ковачевски дал три предлози до Мицкоски

Извори од Влада брифираат дека премиерот Димитар Ковачевски на лидерската средба со Христијан Мицкоски доаѓа со план и конкретни 3 предлози, пренесува Сител телевизија.

Дел од 3 те предлози на Ковачевски, како што дознаваме се заеднички партиите да застанат зад уставните измени и ервопската иднина на земјата, да ги изгласаат во Собранието.

Вториот предлог е веднаш после усвојувањето на уставните измени да се распишат избори како компромисно решение кое ќе значи продолжување на европскиот пат,

обединување околу стратешкиот интерес на земјата но му дава излез на Мицкоски со оглед на тоа што неговото клучно барање се избори.

Предлогот на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, пак, е уставните измени одма да се стават на гласање во Собранието, а поради тоа што ќе нема мнозинство, ќе пропаднат и ќе се распишат избори.

Лидерската средба не се очекува да трае многу долго.

Извор: Сител телевизија

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде