Седум лица повредени во сообраќајка – МВР ги објави деталите

Синоќа околу 22.50 часот се случила сообраќајна незгода кај Бит Пазар при која со повреди се здобиле седум лица.

-На 06.06.2023 година околу 22.50 часот било пријавено дека на булевар „Крсте Петков Мисирков“ со булевар „Гоце Делчев“ во Скопје се случила сообраќајна незгода во која учествувале четири возила, велат од МВР за „Скопје Инфо“.

Како што нè информираа од МВР, три возила биле со скопски регистерски ознаки, „голф“ управуван од С.М. (59) од Скопје,

„пасат“ управуван од А.Ш. (49) од Скопје, „опел“ управуван од А.Г. (34) од Скопје, како и „ауди“ со национални ознаки на Република Бугарија, управуван од А.Ѓ.

Во незгодата со телесни повреди се здобиле С.М., А.Ш., А.Г., А.Ѓ., како и сопатниците А.М. (53), Х.М. (59), Л.Р.Г. (35).

Лицата побарале лекарска помош во неколку здравствени установи во Скопје.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде