ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Доаѓа невреме во Македонија

Под влијание на нестабилна и влажна воздушна маса за време на викендов и почетокот на следната седмица на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Поради големата енергија и влажност во атмосферата локално процесите повремено ќе бидат поинтензивни во форма на невреме проследени со обилен пороен дожд за кусо време(над 20 л/м2),

електрични празнења, силен ветер (над 60 км/час) од променлив правец и изолирана појава на град, соопшти УХМР.

И во Скопската Котлина повремено ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Во делови од котлината ќе има услови за појава на невреме со интензивен пороен дожд, грмежи, силен ветер и појава на град.

Од УХМР препорачуваат во случај на појава на електрични празнења, да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде